Фк Пелистер Битола

🟢🎙 Максимален респект кон противникот, но Пелистер има своја мисија.
Изјава на Марјан Секуловски за натпреварот против Работнички

Изјава на шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски пред натпреварот со Работнички.

„Максимален респект кон противникот.
Квалитетен противник, спој на младост, искуство и интернационални играчи.

Наша задача е да одиграме максимално борбено и ангажирано, со максимална тактичка дисциплина во играта од почеток до крај на натпреварот.

Да ги неутрализираме нивните квалитети во играта, и да ги искористиме нивните недостатоци во играта, слаби страни кои секоја екипа ги има.

Со квалитетен пристап од почеток до крај на натпреварот да направиме да се радуваме сите заедно по завршувањето на натпреварот.“

Натпреварот помеѓу ФК Работнички Скопје и ФК Пелистер Битола ќе се одигра утре со почеток од 16:00 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

1 март 2026