Фк Пелистер Битола

Јованчо Трајкоски - Јоки се враќа на тренинзите со екипата 💪

По долг период на рехабилитација и напорна работа, Јованчо Трајкоски – Јоки повторно е дел од тренажниот процес на првиот тим. Нашиот фудбалер денес ги одработи првите тренинзи со екипата по паузата предизвикана од повреда, а по тој повод упати и кратка изјава.

„По долг период на рехабилитација и напорна работа, Јованчо Трајкоски – Јоки повторно е дел од тренажниот процес на првиот тим. Нашиот фудбалер денес ги одработи првите тренинзи со екипата по паузата предизвикана од повреда, а по тој повод упати и кратка изјава.

Пред сè, сакам да им се заблагодарам на мојата фамилија, на моите соиграчи и пријатели, на медицинскиот тим во клубот, на мојот клуб ФК Пелистер и раководството, како и на навивачката група Чкембари, кои неизмерно ми даваа поддршка во изминатиот период.

Да се вратиш на тренинг со екипата по осум месеци е неопишливо чувство и премногу сум среќен. Во периодот на операцијата и закрепнувањето имав само една цел – што побрзо да се вратам на тренинзите со екипата.

Денот дојде, но тука не застанувам. Ми преостанува уште многу работа, а повредата само ме мотивира уште повеќе да работам и да тренирам.

Ви благодарам за вниманието.“

29 април 2026