











Фудбалерите на Пелистер максимално фокусирани и мотивирани ги одработуваат подготовките пред следниот натпреварот против Работнички во Скопје. По двете врзани победи, во редовите на зелено-белите владее одлична атмосфера и дополнителна самодоверба, но тимот останува цврсто насочен кон она што следува.
Стручниот штаб предводен од Марјан Секуловски на тренинзите работи на тактичката поставеност, физичката подготвеност и сите детали што можат да бидат клучни на претстојниот натпревар. Играчите покажуваат голема желба, дисциплина и максимален ангажман во секој сегмент од подготовките.
Во таборот на Пелистер се свесни за тежината на дуелот против квалитетен противник, но и решени да ја продолжат позитивната серија со уште едно силно издание.
