


















Пелистер забележа многу важна победа на гостувањето во Струмица против екипата на Брера 0-1 во натпреварот од 29-то коло на Првата македонска фудбалска лига.
Првото полувреме започна со притисок на битолчани кон голот на домаќините и тоа резултираше со играње на рака во нивниот шестнаестник и пенал за Пелистер. Ударот од белата точка го изведе капитенот Мирко Ивановски и Пелистер во 6-та минута го отвори резултатот со 0-1. Брера своето темпо го наметна врз играта и во 34-та минута од натпреварот, преку лошо исфрлување од Гроздановски и прекршок од страна на Ристовски на десната страна беше досуден пенал. Блескавиот Андреј Јовчевски на голот на Пелистер со проценка во неговата лева страна го зачува водството од 0-1 на својот тим.
Во второто полувреме на теренот се играше главно по средината со долги топки кон нападот, а повеќе иницијатива имаа струмичани. Пелистер имаше голема шанса за зголемување на водството по одлична акција од левата страна на Керим. Тој се најде во многу добра позиција и како опција го имаше Ивановски, но се одлучи за удар кон голот, при што голманот на Брера го одбрани. Домашната екипа се обидуваше да се врати во натпреварот, погодија и статива при удар со глава, меѓутоа Пелистер добро се бранеше.
На натпреварот присуствуваа верните Чкембари, кои секаде громогласно го бодрат својот миленик и се дванаестиот играч на Пелистер. Исто така за пофалба, упатија силна парола за еден од најцрните денови во поновата историја за Македонија и Битола, Вејце 2001 година.



„Зелено-белите“ со оваа голема победа се доближи до Брера и моменталната разлика е -1 бод. Следен исто така тежок и еден од клучните натпревари за опстанок во лигата против екипата на Работнички од Скопје во сабота, 2 мај во гости.






Стартна постава:
Јовчевски, Здравковиќ, Ристевски К., Гроздановски Х., Србијанац, Ристовски, Крстевски, Спировски, Керим, Булатовиќ, Ивановски (капитен).
Резервни играчи:
Петровски, Ивановски С., Ристевски А., Стојановски Х., Гроздановски Т., Милојевиќ, Мрмачовски, Петковски, Здравевски, Ангелевски, Петровиќ Ф.
Направени измени:
Жолти картони:
26 април 2026
