













Фудбалерите на Пелистер максимално фокусирани и мотивирани ги одработуваат подготовките пред важниот натпревар против Македонија Ѓорче Петров. На тренинзите Марјан Секуловски работи на тактичката и физичката подготвеност на екипата.
Играчите покажуваат голема желба и ангажман, свесни за значењето на овој дуел. Се работи на сите сегменти од играта – од поставеност во одбраната, преку транзиција, па сè до реализацијата во нападот. Тимот е решен да даде максимум на теренот и да дојде до позитивен резултат, кој би значел многу во борбата за сигурен опстанок во првенството.
Поддршката од навивачите секогаш е дополнителен мотив, а фудбалерите ветуваат борбена и пожртвувана игра.
