Фк Пелистер Битола

📸 Гордоста на Битола: „Петар Милошевски“ меѓу најубавите стадиони во регионот

Во изминатите неколку денови сме сведоци на низа позитивни испишани медиумски страници за нашиот стадион Петар Милошевски.

стадион „Петар Милошевски“

Пријатното изненадување го споделуваат голем број странски познати медиуми, кој го опишуваат стадионот Петар Милошевски како еден од најубавите стадиони во регионот. Низ воодушевување е споменато дека токму на овој стадион имаат играно големи спортски имиња и големи спортски клубови од поранешната Југословенска Фудбалска Лига.

stadion Petar Miloshevski стадион „Петар Милошевски“

Стадионот ги заслужува убавите пишани статии за што и самите битолчани сведочат за тоа. И секако последниот момент за воодушевување беше пред два дена, кога рефлекторите го осветлија домот на ФК Пелистер на дерби натпреварот, каде што имаше голем број на посетеност како што доликува за еден ваков стадион како што е популарниот Под Тумбе Кафе – Петар Милошевски. Битолчани и Чкембари има за што да бидете горди.

10 април 2026