Во пресрет на најголемото македонско дерби, шефот на стручниот штаб на Пелистер, Марјан Секуловски, ги сподели своите очекувања за натпреварот против Вардар.
„Како и за сите, така и за мене, најголемото македонско дерби е токму тоа – најголемото македонско дерби. Било и ќе остане: Пелистер – Вардар.
Победата во Тетово ја врати самодовербата кај играчите. Таа е една од добивките, покрај најголемата – трите бода. Се врати вербата дека можат, дека се способни и дека поседуваат доволно квалитет.
На нашите навивачи им порачувам да дојдат во што поголем број и да им пружат максимална поддршка на играчите, во што воопшто не се сомневам. Особено ни е потребна таа поддршка во моментите кога можеби работите нема да одат најдобро. Токму тогаш да ги понесат играчите, да ги вратат на вистинските патеки и на крајот од натпреварот сите заедно да се радуваме на успехот.“