Фк Пелистер Битола

Донации
Донации Фк Пелистер и Чкембари
Чкембари, пелистерци, битолчани – да ја покажеме повторно хуманоста на дело.
На Елена ѝ изгоре куќата, а како тоа да не беше доволно, го загуби и својот татко. Таа остана сама со две деца, од кои едното е болно (дијагноза – менингитис). Во овие тешки моменти, нашата поддршка ѝ е повеќе од потребна.
 
На сите влезови ќе бидат поставени кутии за донации – да помогнеме заедно и да покажеме дека Битола знае да застане кога е најпотребно.
 
Фудбалскиот клуб Пелистер ќе донира дел од средствата од продадените карти, додека НГ Чкембари ќе ги донира сите финансиски средства со кои располага.
Да бидеме сплотени. Да помогнеме. 💚

07 април 2026