
















Пелистер поразен во третиот меѓусебен натпревар од оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига против екипата на Струга Трим Лум со резулатат од 0 – 2.
Натпреварот почна со мало задоцнување и Пелистер ја имаше првата шанса со прекршок блиску до шестнаестникот врз капитенот Мирко Ивановски. Слободниот удар го изведе левиот дефанзивец Милан Србијанац но неуспешно за домашната екипа. Потоа на потег беа стружани преку Компаоре, но за среќа на екипата од Битола успешно помина во налетот. Но Пелистер не успеа да се одбрани до крајот на полувремето и во 45-та минута преку нафрлена топка од десната страна стигна до главата на Марјан Радески, па така Струга Трим Лум си замина на пауза со предност од 0 – 1 во соблекувалните.
Делимична ситуација имаше гостинскиот играч Компаоре при ненамерна игра со рака на кој битолчани очекуваа пенал во нивна корист, по што истиот играч имаше шанса за гол со глава. Играта му припадна на Струга преку висок притисок и по грешка на играчите на Пелистер со одземена топка Радески погоди статива.
Во 64-та минута од мечот Пелистер успеа да ја стресе мрежата на Струга по еден корнер преку Бошковски, меѓутоа голот беше поништен поради офсајд позиција.
Пелистер продолжи со нападот на гостинскиот гол но неуспешно, тоа го докажа Компаоре со погодок во 80-та минута но преку ВАР-технологијата голот беше поништен заради фаул. Крајот и трите бода ги потврди резервистот Христијан Малески во 87-минута и конечниот резултат 0 – 2.
Стартна постава:
Јовчевски, Гроздановски Х., Стојановски, Србијанац, Ристовски, Бошковски, Спировски, Милојевиќ, Керим, Петровиќ М., Ивановски (капитен).
Резервни играчи:
Димовски, Ангелевски, Булатовиќ, Гроздановски Т., Крстевски, Миленковски, Милевски, Мрмачовски, Петковски, Петровиќ Ф., Здравевски.
Направени измени:
Жолти картони:
22 март 2026
