

Надиграни битолчани на гостувањето во Тетово против екипата на Шкендија, во рамките на 20-тото коло на Првата македонска фудбалска лига, со резултат 2-1.
Во првото полувреме Пелистер започна самоуверено и покажа дека е „тврд орев“ за домашната екипа. Стефан Спировски во 7-та минута од натпреварот по изведен корнер ја погоди мрежата, голот се разгледуваше со ВАР-технологија и беше признат од главниот судија Бењами Ќерими. На потег беше Шкендија и го возврати ударот со две закани по голот на битолчани. Во 21-та минута по изведен корнер на домаќините, Шкендија преку Ибраими го израмни резултатот. Шкендија повторно се закани со глава, но топката заврши покрај десниот дирек. Во следниот тек на натпреварот се создаде одлична шанса за Михајло Петровиќ, кој истрча сам кон противничкиот голман, но биеше над голот. На крајот од полувремето Шкендија нападна, но ударот беше непрецизен.
На почетокот од второто полувреме домашната екипа бараше пенал, но судијата беше цврсто убеден дека не постои таква ситуација за најстрога казна. Тетовчани силно навалија на голот на Пелистер, па така во 64-та минута Ибраими со добиената топка од левата страна по втор пат успеа да ја затресе мрежата на Јовчевски. Тренерот на „зелено-белите“ Стојановски освежи со играчи од клупата и Пелистер не се предаваше лесно, па се обидуваше да остане во игра до последниот свиреж на судијата. На самиот крај од натпреварот гостите имаа добри шанси преку Булатовиќ и Ивановски, но немаа доволно среќа за израмнувачки погодок, па така резултатот 2-1 и трите бода останаа во Тетово.
Стартна постава:
Јовчевски, Гроздановски Х., Здравковиќ, Ристевски, Србијанац, Ивановски С., Крстевски, Милојевиќ, Петровиќ М., Петковиќ Ф., Спировски (капитен).
Резервни играчи:
Димовски, Милевски, Петковски, Бошковски, Мрмачовски, Ангелевски, Булатовиќ, Ивановски М, Керим, Здравевски.
Направени измени:
Жолти картони:
