Фк Пелистер Битола

ФК Пелистер ги заврши двонеделните подготовки во Белек, Турција.

01 февруари 2026

Стручниот штаб во целост го реализира планот на подготовки и втората фаза од припремниот период заврши со саботното враќање во Битола.
Шанса доби целиот ростер, беа одиграни четири контролни натпревари, а преку тренинг сесии Милан Стојановски и неговите соработници имаат појасна слика за новиот Пелистер.
Првите минути во зелено-белиот дрес ги имаа новајлиите, по кои веќе е појасна сликата за тимот во пролетниот дел на Првата фудбалска лига. По враќањето во Битола и слободниот викенд, фудбалерите на Пелистер ќе ја започнат последната фаза од подготовките, во која ќе одиграат и два контролни натпревари.
Првиот официјален натпревар пролетва е дуелот со Работнички на 11 февруари во Битола.