Фк Пелистер Битола

Новите засилувања на Фк Пелистер

16 јануари 2026

☘️ Кире Ристевски со првите импресии по враќањето во Пелистер:
 
🎙„По многу години поминати на различни терени, чувството да се вратам дома е незаменливо. Се враќам во мојот матичен клуб со голема благодарност и љубов кон сите кои ме поддржуваа низ годините.
За мене е голема чест што повторно ќе бидам дел од ова семејство кое отсекогаш ми било блиску до срцето. Со нетрпение ги очекувам новите предизвици и успеси, заедно со тимот и стручниот штаб.
Целта за оваа сезона е јасна – да обезбедиме опстанок во лигата и да покажеме вистински карактер на теренот. Ќе дадеме максимум на секој натпревар и ќе се бориме за секој бод.
Од нашите верни навивачи, Чкембари, очекувам поддршка на секој натпревар, бидејќи заедно можеме да ја кренеме енергијата и да ја вратиме гордоста на клубот. Со заеднички труд, пожртвуваност и нивната поддршка, ќе се радуваме на секој успех и заедно ќе го вратиме клубот на местото каде што му припаѓа.“

17 јануари 2026

🟢🎙 Милан Србијанац со првите импресии од Пелистер и новите соиграчи:
 
„Голема чест ми е што станав дел од Пелистер, клуб со богата и голема историја!“
„Пред сè, сакам да им се заблагодарам на стручниот штаб и на управата на клубот за укажаната доверба.“
„Првите впечатоци се феноменални, момците одлично ме прифатија и атмосферата во екипата е навистина позитивна.“
„Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата и заедно со екипата ќе ги оствариме целите на клубот.“
„Сакам да ги поздравам и навивачите „Чкембари“ и да ги повикам да бидат наш 12-ти играч.“
„Екипата и јас сигурно ќе им вратиме со борбена игра на теренот и со добри резултати.“
„Напред Пелистер!“

18 јануари 2026

✍️☘️ Лука Милојевиќ од денес е зелено-бел !
👋 Добредојде Лука !
🟢🎙 Томче Гроздановски со првите импресии од тимот:
 
„Пелистер е голем клуб со богата традиција и верна публика и чест ми е што ќе го носам овој дрес.
Атмосферата овие денови е одлична, се чувствува позитивна енергија и мотив кај сите во клубот.
Дел од играчите веќе ги познавам, а останатите ме примија одлично, што многу ми значи.
Моите очекувања се да дадам максимум на секој тренинг и натпревар и заедно со тимот да ги исполниме целите на клубот.“

19 јануари 2026

Добредојде во Пелистер, Филип! 👋
🟢⚪️ Филип Петровиќ е зелено-бел.

19 јануари 2026