Фк Пелистер Битола

80 години

Фк Пелистер Битола

🟢 Денот што се чекаше, денот што ќе се памети.
 
80 години горда историја, традиција и љубов кон зелено-белите бои. Денес ФК Пелистер го слави својот голем јубилеј со пријателски натпревар против легендарниот романски клуб Динамо Букурешт. 🇲🇰🇷🇴
ФК Пелистер одржа Свечена академија, на која беа споделени емоциите од осум децении постоење на клубот.
 
Пелистер годинава слави 50 години од „златната“ генерација на клубот која што го направи најголемиот успех и за првпат заигра во Втората југословенска лига. Од таа генерација произлегоа бројни легенди на клубот, а двајца од нив добија посебни признанија на Свечената академија на клубот.
 
🎖 На церемонијата во Офицерскиот дом во Битола, некогашните асови на Пелистер, Петар Упалевски и Спасе Ристевски добија награда за кариера.
 
🎖 На церемонија одликувани со признанија беа луѓе што оставиле голема трага во клубот, меѓу нив и Драганчо Димитровски и Бруно Пресилски.
 
Бруно Пресилски е стрелецот на историскиот прв гол во независна Македонија. Првиот погодок во ПМФЛ Пресилски го постигна во победата над Рудар од 5-0, на 23 август 1992 година. Димитровски, пак, е најдобриот стрелец на Пелистер во прволигашкиот шампионат на Македонија. Признанието го прими неговиот син Дарко.
🎙 Александар Стефановски (претседател на ФК Пелистер):
 
,,Сакам да упатам благодарност до сите пријатели, подржувачи, поранешни фудбалери и функционери на Пелистер, кои присуствуваа на нашиот 80-ти роденден.”
 
,,Исто така поздрав и до оние кои беа спречени, но упатија честитка и внимание. Голема благодарност до нашите приврзаници и навивачката група Чкембари, која дојде во голем број и заедно со нас славеше викендов.”
 
,,Сакаме да ја истакнеме несебичната помош на нашата Општина, која со месеци ни беше голема поддршка во реализацијата на овој проект и на Фудбалската федерација на Македонија која го апострофира значењето на ФК Пелистер во македонското фудбалско движење.”
 
,,Во романскиот Динамо Букурешт добивме пријателски клуб кој не се двоумеше да ја збогати нашата роденденска забава.”
 
,,Посебно браво за нашиот најстар член Власте Мицевски, кој и во 85-тата година од животот покажа елан да го облече омилениот дрес.”
 
,,Со помош на МТВ, на чии професионалци јавно им се заблагодаруваме, нашиот роденден го виде цела Македонија и регионот, а со посредство на интернационалниот сигнал се гледаше и во Романија. Со надеж за постојан раст на клубот и тимот следна средба ви закажуваме на следниот јубилеј.”
🕊 Во чест на човекот кој уште од првиот ден веруваше во сонот за модерен стадион во Битола — Владимир Блажев (Панчо).
 
На семафорот на „Петар Милошевски“ 65 минути ќе стои неговата слика, заедно со пораката со која ја поддржа кампањата, како симболика на 65та жртва од трагедијата во Кочани.
 
Панчо беше меѓу првите што застанаа зад идејата, човек со големо срце и љубов кон спортот.
 
ФК Пелистер изразува најдлабоко сочувство до неговото семејство и најблиските.
 
Почивај во мир, пријателу. 💚
големиот јубилеј

Комплетна програма од

12 октомври 2025