Фк Пелистер Битола

27 коло
Гости
14.04.2026
13:00
Градски стадион Гостивар
Гостивар
фк арсими чегрене лого
Фк Арсими Чегрене

1 : 0

( 1 : 0 )
Фк Пелистер Битола Амблем
Фк Пелистер Битола
Пелистер поразен на гости во Гостивар

Битолската екипа не успеа да извлечи ни бод од директниот конкурент за избегнување на баражот. Резултатот во Гостивар од рамките на 27-то коло на Првата македонска фудбалска лига заврши со победа на домашната екипа Арсими од 1-0.

Арсими 1:0 Пелистер 14.04.26

Во првиот дел од натпреварот Пелистер ја имаше топката во своите нозе и преку корнер се закани Кире Ристевски, но топката мина покрај голот. Арсими тактизираше со повлечена игра и во 19-та минута се закани со удар од далечина, но безопасно кон голот на Јовчевски. Избраниците на Секуловски со исто темпо продолжија кон голот на домаќините и Булатовиќ се закани од десна страна преку прекршок (скратен корнер). Набргу потоа во 25-та минута Филип Петровиќ се најде во шестнаесетникот преку изградена акција со повеќе опции за додавање и нафрлање, но се одлучи на удар кој заврши над голот. Арсими ја презеде играта во своите нозе и преку нафрлена топка по земја од левата страна во шестнаесетникот, топката стигна до Дардишта, кој од прва ја погоди мрежата на Јовчевски и домаќините славеа со 1-0 во 43-та минута од натпреварот. Набргу потоа во 45-та минута капитенот Стефан Спировски упати силен удар, но за жал топката ја погоди пречката и натпреварот на полувремето заврши со 1-0.

Арсими 1:0 Пелистер 14.04.26

Второто полувреме Пелистер повторно тргна да го израмни резултатот, првата шанса во 53-та минута ја имаше Булатовиќ, преку левата страна на Србијанац и центаршут, Лука се одлучи за додавање наместо удар. Потоа повторно на таргет се најде српскиот играч Булатовиќ по одлична акција и фудбалски волеј удар од прва, но топката заврши над голот. Арсими не чекаше ништо на случајност и преку контра напади се закани два пати по голот на битолчани. Секуловски внесе освежување од клупата со единствена цел – напад со сите сили кон голот на домаќините. Во 80-та минута Булатовиќ од слободен удар се закани кон голот на Арсими, но топката заврши покрај рамката од голот. Пелистерци до крајот на натпреварот целосно го запоседнаа голот на Сиљановски, но домаќините успешно си го одбранија минималното водство и издвојуваа победа на домашен терен.

Арсими 1:0 Пелистер 14.04.26

„Зелено-белите“ ги чекаат тешки натпревари за директен опстанок со директните конкуренти во таа борба, една од нив е и следниот домашен натпревар во Битола против екипата на Македонија Ѓорче Петров на 18-ти април.

Стартна постава:
Јовчевски, Здравковиќ, Ристевски К., Србијанац, Ристовски, Стојановски, Спировски(капитен), Милојевиќ, Петровиќ Ф., Бошковски, Булатовиќ.

Резервни играчи:
Петровски, Ристевски А., Гроздановски Х., Керим, Петковски, Петровиќ М., Ивановски С., Мрмачовски, Фејзуловски, Гроздановски Т., Здравевски.

Направени измени:

  • 61-та минута Керим(Петровиќ Ф.)
  • 61-та минута Мрмачовски(Стојановски)
  • 82-та минута Петковски(Ристовски)
  • 89-та минута Здравевски(Милојевиќ)

Жолти картони:

  • 18-та минута Петровиќ Ф.
  • 82-та минута Ристевски
Арсими 1:0 Пелистер 14.04.26

14 април 2026