

Пелистер во гости ремизираше на третиот меѓусебен натпревар од оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига против екипата на Силекс од Кратово со резултат 0 – 0.
Почетокот на натпреварот се одвиваше со побавно темпо, при што Пелистер изгледаше сериозно и со желба за борба и преку Булатовиќ во 25-та минута упати удар по голот на Џеков, но беше подигнато офсајд знамето. Набргу потоа следуваше мал прекин на натпреварот поради повреда при што настрада носот на Христијан Стојановски, младиот бек на Пелистер. Повредата беше санирана од лекарската интервенција и тој го продолжи натпреварот.
На теренот се водеше вистинска битка со жестоки фаули при што судијата Јован Качевски додели два жолти картони. Шанси се создаваа на двете страни, прво кратовчани упатија удар кон голот на Јовчевски, потоа Стефан Спировски имаше добра шанса, но топката мина покрај голот на Силекс. На полувреме двете екипи заминаа во соблекувалните со резулат 0 – 0.
Силекс влезе во второто полувреме со поголема желба за офанзива, имаше две прилики, но без конкретна завршница. Пелистер потоа возврати со две одлични прилики преку Булатовиќ и капитенот Мирко Ивановски, но ударите завршија во полза на голманот на Силекс. Темпото полека опадна и Силекс креираше шанси, но Пелистер се држеше до дефанзивата. Последните минути кратовчани тргнаа со силен напад, но „зелено-белите“ не се препуштаа така лесно и се спасија од трагичниот автогол во нивната мрежа со поништување поради офсајд ситуација на противничкиот играч.
Пелистер нема победа во Кратово од 2017 година, но освои уште еден бод во битката за опстанок. „Зелено-белите“ сега имаат 22 бода, заковани на десеттата позиција. Во следното коло,Пелистер ја пречекува екипата на Струга Трим Лум на стадионот во Битола.
Стартна постава:
Јовчевски, Гроздановски Х., Стојановски, Србијанац, Ристовски, Здравковиќ, Булатовиќ, Спировски, Керим, Петровиќ М., Ивановски.
Резервни играчи:
Димовски, Ангелевски, Крстевски, Ивановски, Милевски, Милојевиќ, Мрмачовски, Петковски, Петровиќ Ф., Здравевски.
Направени измени:
Жолти картони:
16 март 2026
