Фк Пелистер Битола

19 коло
Дома
21.02.2026
14:00
Стадион „Петар Милошевски“
Битола
Фк Пелистер Битола

1 : 1

( 0 : 1 )
Фк Струга Трим Љум
📸 Фотогалерија и извештај од денешниот натпревар, Пелистер-Струга Т.Л.

Битолската екипа одигра одличен натпревар против струшката екипа Струга Трим Лум и постигна важно реми 1-1, во рамките на 19-то коло на Првата македонска фудбалска лига.

Натпреварот започна со силен напад на „зелено-белите“ кон противничкиот гол во обид да го изненадат фаворитот уште во раната фаза, но остана само на добрите акции без конкретна завршница. Во 31-та минута играчот од Струга, Арбен Воша постигна гол и го отвори натпреварот со водство од 0-1. Потоа следеше уште една закана кон голот на Пелистер, но Радески со удар покрај стативата не успеа да погоди во мрежата. Домашната екипа тргна кон израмнување со поголема офанзива, но резултатот на полувремето остана 0-1.

Со високо темпо започна и вториот дел од  натпреварот, пелистерци беа подоминантни на теренот, но стружани одлично го чуваа својот гол. Потоа вториот дел од полувремето Струга го презеде кормилото и се обидуваше да стигне до поголемо водство, но се случи спротивното. Пелистер по одлична акција и преку одбиена топка го израмни натпреварот 1-1 во 73-та минута. Стрелец на израмнувачкиот гол беше српскиот ас Лука Булатовиќ, кој за него претставува деветти погодок оваа сезона. Со овој погодок „зелено-белите“ добија мотив плус за преостанатите минути и налети на Струга Трим Лум. Па така тврдиот натпревар на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола заврши со 1-1.

Стартна постава:

Јовчевски, Здравковиќ, Гроздановски Х., Србијанац, Ристовски, Стојановски,  Спировски(капитен), Милојевиќ, Гроздановски Т.,Бошковски, Булатовиќ.

Резервни играчи:

Димовски, Ангелевски, Крстевски, Керим, Петковски, Петровиќ М., Ивановски С., Мрмачовски, Миленковски, Здравевски, Ивановски М.

Направени измени:

  • 57-та минута Керим(Гроздановски Т.)
  • 80-та минута Петковски(Булатовиќ)
  • 94-та минута Петровиќ М.(Бошковски)

Жолти картони:

  • 43-та минута Ристовски
  • 44-та минута Гроздановски Х.
  • 67-та минута Бошковски

21 февруари 2026