Skip to main content

Фк Пелистер Битола

11 коло
Гости
07.11.2026
13:00
Градски стадион Гевгелија
Гевгелија
ФК Кожуф Гевгелија

1 : 1

( 0 : 1 )
Fk Pelister Bitola Amblem Фк Пелистер Битола амблем фкпамблем
ФК Пелистер Битола
Пелистер и Кожуф ги поделија бодовите во Гевгелија

Пелистер не успеа да стигне до нова победа во Втората македонска фудбалска лига, откако на гостувањето кај Кожуф во рамките на 11. коло одигра нерешено 1-1. „Зелено-белите“ имаа предност на полувремето, но домаќините во продолжението успеаја да стигнат до израмнување.

Битолчани добро го отворија натпреварот и први ја затресоа мрежата на противникот. Во 20-та минута, по корнерот на Мартин Мирчевски од левата страна, највисок во шестнаесетникот беше Кире Ристевски, кој со удар со глава донесе водство од 0-1 за Пелистер.

Со минимална предност „пелистерци“ заминаа на паузата, но на почетокот од второто полувреме Кожуф успеа да израмни. Во 54-та минута по ударот на Боев, топката се одби од стативата, а потоа од голманот Димовски и заврши во мрежата за 1-1.

11.коло Кожуф 1-1 Пелистер 07.11.26

На самиот крајот на натпреварот Пелистер остана со играч помалку, откако Димовски доби директен црвен картон по прекршок надвор од својот шеснаесетник. Бидејќи ги искористи измените, на голманската позиција застана напаѓачот Симеон Христов.

До крајот битолчани се обидоа повторно да го загрозат голот на домаќините, но резултатот не се промени. Пелистер од Гевгелија се враќа со еден освоен бод.

11.коло Кожуф 1-1 Пелистер 07.11.26

Стартна постава:

Димовски, Ристевски  (капитен), Грозданоски, Стојилевски, Крстевски, Спиркоски, Наумоски, Пресилски, Мирчевски, Ивановски, Христов.

Резервни играчи:

Илоски, Стојановски, Мрмачовски, Мурговски, Цикарски, Спировски, Тасев, Талевски, Стојанов, Љамчевски,  Капсаров

11.коло Кожуф 1-1 Пелистер 07.11.26

07 Ноември 2026