Ни претставува особено задоволство да го најавиме викендот на прослава за нашиот клуб, нашиот спорт и нашите навивачи. Организациониот одбор за прослава на јубилејот „80 години од постоењето на ФК Пелистер“ ја комплетираше програмата со која со низа манифестации нашиот клуб и град ќе го одбележи големиот јубилеј.
Сакаме да изразиме голема благодарност до романскиот гигант, Динамо Букурешт, кој ќе биде наш гостин на 10, 11 и 12 октомври и ќе одигра роденнденски пријателски натпревар против сениорската екипа на Пелистер. Се работи со гигант на романскиот фудбал, 18-кратен шампион и 13-кратен освојувач на Купот на Романија и поранешен клуб на нашиот капитен Мирко Ивановски.
Агенда за прославата на јубилејот „80 години од постоењето на ФК Пелистер“
11.10.2025
18-00 – Официјална прес-конференција на ФК Пелистер и Динамо Букурешт во прес-салата на стадионот „Петар Милошевски“
19.00 – Свечена академија на ФК Пелистер во салата на Народниот театар во Битола
12.10.2025
20-00 – Меѓународен пријателски натпревар – Пелистер – Динамо Букурешт
22-30 – Свечена вечера на претставниците на двата клуба
ФК Пелистер дополнително ќе ја извести јавноста за останатите активности и продажбата на билетите за натпреварот.
