ФК Пелистер вчера го потпиша своето второ засилување за новата натпреварувачка сезона, а тоа е српскиот интернационалец Петар Ристиќ кој дојде од тимот на Трајал Крушевац.Ристиќ за клубската веб страница даде своја кратка изјава веднаш по неговата презентација како нов фудбалер на „зелено-белите“.
,,Голема чест ми е што го носам дресот на Пелистер. Свесен сум што значи овој клуб, и за мене тоа претставува голема одговорност.”
,,Подготвен сум да дадам сè од себе и да му помогнам на тимот во остварувањето на заедничките цели.”
,,Гледав снимки од последните дерби-натпревари и со нетрпение го очекувам моментот кога ќе играм пред полни трибини, со безрезервна поддршка од навивачката група Чкембари.”
