Ристевски: Чувството дома е незаменливо

Новиот фудбалер на Пелистер, Кире Ристевски веднаш после потпишувањето на договорот и презентацијата, даде своја изјава за клубската веб страна.

 „По многу години поминати на различни терени, чувството да се вратам дома е незаменливо.Се враќам во мојот матичен клуб со голема благодарност и љубов кон сите кои не поддржаа низ годините.За мене е огромна чест што повторно ќе бидам дел од ова семејство кое отсекогаш ми било блиску до срцето.Со нетрпение ги очекувам новите предизвици успеси, заедно со тимот и стручниот штаб.Целта за оваа сезона е јасна – да обезбедиме опстанок во лигата и да покажеме вистински карактер на теренот.Ќе дадеме максимум на секој натпревар и ќе се бориме за секој бод.Од нашите верни навивачи Чкембари, очекуваме поддршка на секој натпревар, бидејќи заедно можеме да ја кренеме енергијата и да ја вратиме гордоста на клубот.Со заеднички труд, пожртвуваност и нивната поддршка ќе се радуваме на секој успех и заедно ќе го вратиме клубот таму каде што припаѓа- рече Ристевски“