Фудбалскиот клуб Пелистер со денешниот контролен натпревар против екипата на Пактахор и официјално ги заврши зимските припреми во Анталија за втората полусезона и утре се враќа тимот во Битола.Пелистер во овој период одигра четири контролни натпревари и имаше идеални услови за подготовка.Под палка на Стојановски, фудбалерите на Пелистер секојдневно имаа по два тренинзи и сите фудбалери добија соодветна минутажа во подготвителните натпревари.
Пелистер во Анталија спарингуваше против екипите на Спартак Суботица (Србија), Борац Бања Лука (БиХ), и Невбахор и Пактахор (Узбекистан).На овие натпревари Пелистер забележа еден нерешен резултат и три порази, но секако дека резултатот не беше во преден план, туку воигрувањето на тимот и адаптација на новите играчи.
Пелистер втората полусезона ја отвора против екипата на Работнички на домашен терен на 07.02.2026.
