Фудбалскиот клуб Пелистер ја известува целокупната фудбалска јавност дека спогодбено е раскинат договорот со тренерот Димитар Капинковски.Клубот му се заблагодарува за ангажманот и професионалноста и му посакува успех во понатамошниот тек од неговара кариера.
Капинковски оваа сезона дојде на местото на Срѓан Захариевски и клубот го водеше на 9 првенствени и 1 куп натпревар, на кои забележа 2 првенствени победи, 1 нерешен резултат и 6 порази, додека пак во Купот на Македонија забележа победа против екипата на Тетекс во 1/16 финалето.
Клубот во наредните денови официјално ќе го презентира новиот шеф на стручен штаб!
