ФК Пелистер од денес е посилен за уште еден интернационалец. Нашата одбрана доби на квалитет и искуство, а фудбалското семејство во Битола има уште еден фудбалер од Србија. Централниот дефанзивец Немања Здравковиќ е нов фудбалер на Пелистер. Тој потпиша договор на една сезона и веднаш му се стави на располагање на тренерот Димитар Капинковски.
Здравковиќ има 32 години и доаѓа во Првата македонска фудбалска лига од Дубочица. Низ својата кариера Здравковиќ играл уште за Металац, Раднички, Напредок и во Литванија. Новиот фудбалер на Пелистер во кариерата настапувал на високо ниво во српската Суперлига и Прва лига и своето големо искуство ќе го пренесе во новиот клуб.
