ФК Пелистер од денес има нов шеф на стручниот штаб. Димитар Капинковски ќе го води нашиот тим во сезоната 2025/26 во обид да го продолжи развојот на клубот по враќањето во Првата лига. Селекторот на македонската репрезентација до 18 години доаѓа на местото на Срѓан Захариевски и се обврза на договорот до крајот на сезоната.
За 50-годишниот Капинковски ова е враќање во матичниот клуб, каде што ја започна тренерската кариера. Потоа Капинковски ја водеше Победа, а работеше и во грузискиот клуб Самтредиа.
Прпзивката на новиот тренер е закажана за 30 јуни. Планот на подготовки ќе биде подготвен наскоро.
