Фк Пелистер Битола

🟢 Фудбалерите на Пелистер ги започнаа подготовките

10 јануари 2026

Фудбалерите на Пелистер ги започнаа подготовките за вториот дел од шампионатот 2025/26.
Со работен состанок и прв тренинг на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, тренерот Милан Стојановски означи старт на активностите во новата година.
Битолскиот клуб подготовките ќе ги подели во два дела. Од денес до 17 јануари ќе тренира на својот стадион, а потоа ќе се пресели во Анталија, каде ќе мине двонеделни подготовки. Во Анталија, Пелистер договори три контролни натпревари преку кои ќе ја бруси формата.
● 20.01 – Пелистер – Спартак Суботица (Србија)
● 24.01 – Пелистер – Железничар (БиХ)
● 28.01 – Пелистер – Невбахор Наманган (Узбекистан)
Во меѓувреме клубот ќе го дефинира играчкиот кадар и ќе ги претстави новите засилувања.
Првиот официјален натпревар ќе биде одигран на 7 февруари 2026 година во Битола против Работнички.