Стадион „Петар Милошевски" - Битола

Стадион Петар Милошевски, познат и како Стадион Тумбе Кафе Битола – повеќенаменски стадион сместен на ридот Тумбе Кафе во Битола по кое и го носеше името долги години се до 2022 кога дојде до промена на името во чест на најдобриот битолски голман Петар Милошевски. Моментално се користи најчесто за фудбалски натпревари и е домашниот стадион на Фк Пелистер. Стадионот има сместивост за 6,100 гледачи.
Историја
Во април 2015 започнала реконструкцијата на стадионот, односно на фудбалскиот терен, како дел од проектот „Хет-трик 4“.Во декември 2016 година, започнала реконструкцијата на трибинскиот простор на северната трибина. Градежните активности околу новата северна трибина продолжиле и во 2019 година.Со тие градежни зафати, северната трибина требала да има 4,500 седишта, а и стадионот да добие рефлектори.Целокупниот капацитет на стадион треба да изнесува 10.000 седишта.









Имате прашање ?
- Адреса: ул.Булевар 1-ви Мај бр.617000 Битола
- E-Mail : fkpelister@fkpelister.mk