Петар Ристиќ е нов фудбалер на ФК Пелистер

 

Изградбата на нашиот ростер за сезоната 2025/26 продолжува со големо засилување.Од денес нов фудбалер на ФК Пелистер е српскиот фудбалер за врска – Петар Ристиќ.

Поранешниот репрезентативец во младинските категории на Србија доаѓа во Битола како еден од најдобрите фудбалери во српската Прва лига.Играјќи за тимот на Трајал Крушевац, тој минатата сезона видливо се истакна и сезоната ја заврши со осум голови и осум асистенции.

Се работи за офанзивен фудбалер за врска, кој може да игра на сите позиции во средниот ред, но и по страничните позиции.Освен за ФК Трајал Крушевац, 25-годишниот Ристиќ има настапувано и за екипите на Мачва, Радник, Раднички Ниш, Јагодина.

Новото засилување се обврза на едногодишен договор со нашиот клуб.Ристиќ е веќе во Битола и денес го одработи првиот тренинг со новите соиграчи.

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *