Фк Пелистер Битола

ОФИЦИЈАЛНО: Милан Стојановски си даде неотпиклива оставка од местото шеф на стручен штаб на ФК Пелистер, клубот истата ја прифати.
,,Како шеф на стручниот штаб, ја преземам целосната одговорност за резултати во пролетниот дел од сезоната и одлучив да поднесам оставка од функцијата. Сакам искрено да му се заблагодарам на клубот за укажаната доверба, на раководството за поддршката, на играчите за нивниот труд и залагање, како и на навивачите за нивната безрезервна поддршка во секој момент. Посебна благодарност и до градот Битола, кој секогаш стои зад својот клуб. На екипата ѝ посакувам многу среќа во продолжението од сезоната и остварување на целта – директен опстанок.”
 
Милан, ти благодариме за професионалниот ангажман и ти посакуваме среќа во понатамошниот дел од кариерата.

22 март 2026