

Милан Србијанац со првите импресии од Пелистер и новите соиграчи:
„Голема чест ми е што станав дел од Пелистер, клуб со богата и голема историја!“
„Пред сè, сакам да им се заблагодарам на стручниот штаб и на управата на клубот за укажаната доверба.“
„Првите впечатоци се феноменални, момците одлично ме прифатија и атмосферата во екипата е навистина позитивна.“
„Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата и заедно со екипата ќе ги оствариме целите на клубот.“
„Сакам да ги поздравам и навивачите „Чкембари“ и да ги повикам да бидат наш 12-ти играч.“
„Екипата и јас сигурно ќе им вратиме со борбена игра на теренот и со добри резултати.“