„Добро работиме во изминатите 10 дена и задоволен сум од ангажманот на играчите. Првиот натпревар ни е против Шкендија и во овој период се обидовме да поставиме работи што ќе ни бидат корисни за утрешниот дуел. Имаме максимален респект за противникот — нивните резултати во првенството, Купот и особено во европските натпреварувања зборуваат сами за себе. Ние ќе се обидеме да одиграме максимално сконцентрирано и да ги искористиме шансите што ќе ни се укажат.“