Стадион „Петар Милошевски“
НАШИОТ ДОМ
Стадион петар милошевски
Стадион Петар Милошевски, познат и како Стадион Тумбе Кафе Битола – повеќенаменски стадион сместен на ридот Тумбе Кафе во Битола по кое и го носеше името долги години се до 2022 кога дојде до промена на името во чест на најдобриот битолски голман Петар Милошевски. Моментално се користи најчесто за фудбалски натпревари и е домашниот стадион на Фк Пелистер. Стадионот има сместивост за 8,585 гледачи.
нашата историја
Во април 2015 започнала реконструкцијата на стадионот, односно на фудбалскиот терен, како дел од проектот „Хет-трик 4“.Во декември 2016 година, започнала реконструкцијата на трибинскиот простор на северната трибина. Градежните активности околу новата северна трибина продолжиле и во 2019 година.Со тие градежни зафати, северната трибина требала да има 4,500 седишта, а стадионот во 2024 доби и рефлектори.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во соработка со Општина Битола во период од речиси 40-на денови реализира инвестиција вредна околу 150.000 евра, со што стадионот доби значителни подобрувања и современ изглед.
Поставени се нови столчиња на јужната трибина (4003), целосно е обновена и обложена тартан патеката (просторот меѓу теренот и трибините), службените простории и медија делот се целосно опремени со мебел и потребен инвентар, набавени се нови клупи за резервни фудбалери, уреден е ВИП просторот, а стадионот доби и донација од ФФМ на современ ЛЕД семафор.
Дополнително, теренот е обновен со механизација и лица ангажирани од федерацијата, со што е обезбедена максимална подготвеност.Со вложувањата и направените интервенции стадионот „Петар Милошевски“ ги исполнува европските стандарди и станува домаќин на натпревари од високо ниво. Ова претставува значаен чекор за развојот на инфраструктура и за афирмација на фудбалот во Битола и регионот.
Имате прашање ?
- Адреса: ул.Булевар 1-ви Мај бр.617000 Битола
- E-Mail : fkpelister@fkpelister.mk
