Овој викенд се одигра 4-тото коло од младинските супер лиги во Македонија, а екипите на Пелистер се сретнаа со екипите на Беласица од Струмица.
На првиот од овие четири натпревари падна и рекорд во Струмица и Македонија, односно кадетите кои играа први во саботата, ја победија Беласица со неверојатни 2-16, што е апсолутен рекорд на терените во Македонија.Момците на Корлевски беа мотивирани до максимум и ова им беше четврта победа во низа, а вреди да се спомни дека најдобар поединец на теренот беше неприкосновениот Лука Лисолајски кој на овој натпревар постигна 6 погодоци, додека пак останатите голови ги постигнаа: Хет-трик на Христијан Јовановски, два погодоци на Алек Сиваков, Зоран Чапанов, два погодоци на Горјан Груевски, Филип Стојковски, и Иван Иванов.
На вториот натпревар во Струмица, младинците на Пелистер ги добија своите врсници со 2-3, а погодоците за Пелистер ги постигнаа: Андреј Мурговски, Назиф Ахмедов (АГ) и првотимецот Габриел Крстевски.
Додека пак денеска на стадионот со вештачка трева Павел Шатев, своите натпревари ги одиграа пионерите и помладите пионери.
Помладите пионери беа инфериорни на свој терен и го совладаја тимот на Беласица со високи 5-0, а стрелци на головите беа: Петар Трајчевски, Дамјан Бојин, Никола Митановски и два погодоци за крај на Бојан Николовски.
Пионерите играа последни овој викенд, но и тие не останаа покусо од своите колеги, па на домашен терен освоија нови 3 бодови на своето конто, односно со 5-3 ја добија Беласица.Стрелци на овој натпревар беа: Два погодоци на Лука Илијовски, Мартин Талевски, Осман Хасановиќ и Никола Капсаров.
Честитки за сите генерации, и ФК Пелистер им посакува уште многу успеси и победи во понатамошниот дел од првенството!