Пелистер гостува во Речица, тимот на Влатко Костов е спремен за следниот предизвик
По нерешениот резултат од 0-0 минатата недела во Битола, екипата на Пелистер цели две недели се подготвува за гостувањето во Речица против домашниот Арсими, во рамките од 9. коло на Втората лига. Ова е само третиот меѓусебен натпревар на двете екипи во историјата, откако во прошлата сезона во Битола „зелените“ славеа со 3-1, а исто така на гостувањето во Чегране нашиот тим победи со 0-1.
Костов го има целиот ростер на располагање и битолчани се надеваат на победа на овој натпревар
Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)
Асистенти: Гигов Александар (Штип) и Роберт Црвенов (Велес)
Четврти судија: Стојанов Дарко (Штип)
Делегат: Перески Зоран (Прилеп)
Контролор: Даниловски Крсте (Скопје)