Ѓорги Танушев е старо-нов играч на ФК Пелистер!

Фудбалскиот клуб Пелистер ја известува целокупната јавност дека од денеска “старо-нов” играч на нашиот клуб е искусниот Ѓорѓи Танушев кој по две години повторно се враќа во редовите на нашите ,,зелено-бели”.

Танушев потекнува од школата на Беласица, а претходно настапуваше и за Гостивар, Силекс, Пелистер, Хоризонт Турново , Победа, Борец Велес Брера, и др. Ѓорги Танушев е повратник во ФК Пелистер откако во сезоната 2020/21 со успех го носеше “зелено-белиот”дрес.

ФК Пелистер му посакува топло добредојде и многу успех во престојната сезона.

 

Фудбалскиот клуб Пелистер исто така ја известува фудбалската јавност дека споразумно го раскина договорот со Ерен Парталко. Клубот му посакува понатамошна успешна кариера.