Шампионите го подигнаа пехарот пред битолската публика !

Пионерската екипата на ФК Пелистер Битола, односно генерација 2006 година и помали се шампиони на Македонија во Супер лигата, а тоа го потврдија со победа над екипата на Шкупи со 3:0 во последното коло од оваа сезона.Натпреварот се одигра во Битола, на градскиот стадион “Петар Милошевски“ под Тумбекафе. 

Екипата на Пелистер има одлични резултати оваа сезона во одос на своите врсници. Младите “пелистерци“ имаат најдобра гол разлика во лигата, најмалку примени голови во лигата.Оваа сезона во овој тим на Пелистер своја заслуга имаа дури 28 деца од академијата на нашиот клуб.

Медалите на шампионите му ги врачи претседателот на ФК Пелистер, Митко Стојковски.

ФК Пелистер му го честита првото место на Пионерите и му посакува многу среќа и успех во следната натпреварувачка година.