Фудбалерите на Пелистер му откинаа два бода на Тиквеш, откако одиграа нерешени 1-1 на „Петар Милошевски“ во рамките на 30. коло во ПМФЛ. Битолчани без резултатски амбиции му зададоа удар на Тиквеш во „братскиот дуел“ во битката за избегнување на баражот. Голема е веројатноста сега дека тимот од Кавадарци, заедно со Скопје, ќе игра бараж за опстанок. Судбината на Пелистер е позната и веројатно со Борец ќе патува во ВМФЛ. Сепак, битолчани ќе играат до крајот со полни сили, за да заминат во понизок ранг со крената глава.