Ви ги претставуваме помладите фудбалери на ФК Пелистер за престојната сезона.
Да потсетиме, Михаил Талевски кој минатата сезона ја мина во редовите на НК Осијек, е старо-нов фудбалер на клубот.
Продолжување и потпишување на договорите од сопствениот кадар беше една од главните цели на ФК Пелистер. Потпишавме договори со уште двајца наши талентирани и млади фудбалери. Нашиот млад репрезентативец Андреј Силјановски кој доаѓа од нашата младинска академија и Христијан Стојановски кој исто така е младински репрезентативец и потекнува од нашата школа и веќе е добро познат кога станува збор за нашиот првотимски состав, како и за пред нашата публика. Со гордост ви најавуваме дека овие млади таленти следната сезона ќе ги бранат боите на ФК Пелистер.
Им посакуваме на сите успешна и среќна сезона во зелено белиот дрес.