Фудбалскиот клуб Пелистер ја известува јавноста дека ја прекинува соработката со неколку играчи што беа во тимот во изминатата сезона.
Клубот не му ги продолжи договорите на следните играчи: Бурхан Мустафов, Христијан Драгарски, Томе Китановски и Љавдрим Фазлију.
Фудбалскиот клуб им се заблагодарува за досегашното сработено во нашиот клуб и им посакува среќа во следниот предизвик од нивните кариери.
Исто така клубот ја известува јавноста дека неколку млади играчи што ланската сезона беа дел од првиот состав, ќе бидат пратени на отстапка во други клубови.
Клубот во наредниот период ќе го презентира новиот шеф на стручен штаб, а притоа и неколку нови играчи.