Тарасенко: Пелистер оди исклучиво на победа!

Пелистер гостува во Кавадарци, тимот на Захариевски е спремен за следниот предизвик.

По нерешениот резултат против Брера минатата недела во Битола, екипата на Пелистер цела недела се подготвува за гостувањето во Кавадарци против домашниот Тиквеш, во рамките од 20. коло на Првата лига.Последниот натпревар кој овие две екипи го одиграа беше оваа сезона во Битола, на кој немаше победник, односно резултатот беше 0-0.

Захариевски нема да го има целиот ростер на располагање, односно во тимот нема да бидат искусниот Љамчевски, голманот Јовчевски и Бошковски.

Свое кратко видување за утрешниот натпревар даде и новиот интернационалец во редовите на Пелистер, односно Захар Тарасенко:

„Утре не очекува многу важен натпревар, цела недела работиме напорно и утре одиме само на победа во Кавадарци секако со помош на нашите навивачи“ рече кратко Тарасенко се

Своја изјава даде и столбот на одбраната на Пелистер, т.е Александар Ристевски.

„Утре не очекува многу важен натпревар против Тиквеш, тие имаат добра екипа и максимално ја респектираме.Оваа недела добро ја обработивме, Тиквеш се анализирани, спремни сме за овој натпревар и одиме по 3 бода во Кавадарци“ рече Ристевски

Главен судија: Ќерими Бењамин (Скопје)

Асистенти: Василевски Даниел (Скопје) и Димитријевиќ Дејан (Скопје)

Четврти судија: Иванов Игор (Велес)

Делегат: Блажовски Драган (Скопје)

Контролор: Сеља Илир (Струга)

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *