
После неколкуте заминувања од Пелистер, клубот ангажира и две засилувања за втората сезона, односно нови играчи на ФК Пелистер се рускиот интернационалец Захар Тарасенко кој ни доаѓа од ерменскиот шампионат, поточно од екипата на Вест Ерменија, каде на 13 натпревари оваа сезона има скор од 7 погодоци и 1 асистенција.Тарасенко има 27 години, и игра на позиција лево крило, но може да покрива и како истурен напаѓач, кој итекако ќе биде помош на капитенот Ивановски.
Но, Пелистер не застанува тука, денеска пред јавноста беше представен јапонскиот интернационалец, Масааки Такахара кој доаѓа од екипата на ФК Струга Трим Љум, а предходно има настапувано и за екипата на Гостивар во ПМФЛ.Исто така има настапувано и во повеќе екипи низ Германија.
Такахара е 29 годишен крилен напаѓач и тој е првиот јапонски играч во зелено-белиот дрес.Во првата полусезона во ПМФЛ, Такахара имаше 13 натпревари и 1 асистенција зад неговото име.
Во следниот период клубот ќе објави и уште 2-3 нови играчи!