Стефан Спировски од денес повторно е член на Пелистер!. Искусниот фудбалер за врска потпиша договор со својот матичен клуб и ќе претставува големо засилување во обидот да се исполнат целите во сезоната 2025/26.
Откако во 2009 година го напушти Пелистер, 34-годишниот Спировски настапуваше во Борац Чачак, Работнички. Вардар, а изгради и интернационална кариера со настапи во Унгарија, Израел, Ерменија и Грција.
За македонската фудбалска репрезентација запиша 55 настапи, а беше дел и од Европското првенство во 2021 година.