Македонскиот второлигаш Пелистер претстави уште едно засилување за новата сезона. Нов член на „зелено-белите“ од Битола е дефанзивецот со големо искуство од ПМФЛ, Стефан Костов.
Стефан Костов во Битола доаѓа од редовите на Тиквеш, а претходно во својата кариера има настапувано уште за Академија Пандев, Ренова и Брегалница.
„Веќе подолг период преговаравме со Пелситер и конечно се реализираа. Имаме заедничка цел, а тоа е да го вратиме Пелистер во ПМФЛ и среќен сум што ќе можам да дадам придонес и да помогнам во тоа“, рече Стефан Костов