Следен противник – ФК Новаци

Тренерот Костов ќе ги има сите играчи на располагање, освен Костов кој нема да настапи поради 5 жолти картони и повредените Размоски и Пановски.

По победата против ФК Беласица од 3-0, предходната сабота во Битола, пелистерци цела недела се подготвуваат за гостувањето во Новаци во рамките од 17-то коло од ВМФЛ.Овој натпревар е само втор официјален меѓусебен натпревар, откако во првиот дуел во Битола, Пелистер победи на домашен терен со 4-0.

Пелистер не планира тука да застане, туку оди само на победа и продолжување на победничката серија која трае веќе 5 кола.