Симеон Христов е нов играч на Пелистер

ФК Пелистер денес го претстави првото големо засилување, тоа е напаѓачот Симеон Христов кој доаѓа од ФК Гостивар. Искусниот напаѓач има настапувано за ФК Вардар, ФК Работнички, ФК Македонија ЃП, ФК Тиквеш а пред 10 години ги бранеше и боите на ФК Пелистер.
Благодарност до управата и до тренерот за довербата да бидам дел од тимот и се надевам дека сите заедно ќе успееме во зацртаната цел за влез во ПМФЛ. Ова е мое второ доаѓање во Битола и имам прекрасни спомени од тука. Ова е фудбалски град со голема традиција и навивачи кој заслужува место во ПМФЛ. – истакна Симеон Христов
Надвор од земјава Христов беше дел од унгарските Васас и Егри на почетокот на кариерата, одигра една сезона во Јужен Мјанмар, додека имаше и епизода во албанска Влазнија. Сега, Христов доаѓа да тресе мрежи во Битола и да помогне во исполнувањето на целта.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *