Денеска се одигра првиот натпревар од 15. Коло во ПМФЛ, се нашиот Пелистер на домашен терен го пречека тимот на Македонија ЃП.На еден тежок, влажен терен овие две екипи го поделија пленот и натпреварот заврши 1:1.
Натпреварот започна тиркизно, уште на старт двете екипи имаа свои шанси за отворање на резултатот, но не успеаа во својата намера.Гостите рано го отворија резултатот, односно во 17 минута Пецов биеше кон голот на Јовчевски, но нашиот голман направи материјална грешка и топката се исчистат од рацете на голманот за 0:1.
Пелистер од овој момент почна да го игра својот најдобар фудбал, течни додавања, неколку стопостотни шанси за Петковски и Булатовиќ, но гостинскиот голман беше на висина на задачата.
Во второто полувреме момците на Стојановски продолжија во исто темпо, и во 63 минута по добиената топка на Ристиќ, на вистинското место се најде одличниот Булатовиќ и погоди за 1:1.Додека пак во 86 минута после еден дуел во казнениот простор, Стојановски беше соборен и судијата досуди пенал за Пелистер, но по прегледот на ВАР, пеналот беше поништен.
Фудбалерите на Пелистер сега имаат 15 бодови и се наоѓаат на 10 место на табелата, следен и воедно последен натпревар за оваа полусезона ќе го одиграат на 8.12.2025 на гостински терен против ФК Арсими.
