Ристиќ и Булатовиќ го отпишаа Шкупи, втора победа по ред за пелистерци

Фудбалерите на Пелистер ја извојуваа втората победа во шампионатот на Македонија, откако како домаќини во Кавадаци го совладаа тимот на Шкупи со 2-0 (0-0). Иако играа без казнетиот Здравковиќ, битолчани покажаа конзистентност во текот на сите деведесет минути и заслужено се радуваат на бодовите. 

Чаирчани регистрираа уште неколку фудбалери, надминувајќи го огромните проблеми со кои се соочуваат на стартот од новата сезона. Долго се играше со испитување на силите и без зрели закани. Топката повеќе ја имаа битолчани, но тешко креираа зрели шанси. Отпорот на гостинскиот тим го скрши Ристиќ на почетокот од второто полувреме, а точка на триумфот стави Булатовиќ, за втора победа во низа на „пелистерци“.

Со оваа победа Пелистер скокна на петтото место со шест бода, а Шкупи е закован на дното без бодови и само со еден постигнат гол.Во следното четврто коло Пелистер в недела гостува во Ѓорче Петров, а Шкупи ќе го отвори колото со натпревар в петок против Вардар.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *