Овој викенд започна новата сезона во Првата македонска лига каде нашиот Пелистер играше со екипата на Гостивар.
Се играше по многу жешко и спарно време во Битола, беше тешко за игра но сепак момците одиграа максимално мотивирано.
Натпреварот започна тешко со оглед на спарното време, и се осеќаше притисок во играта на битолчани.Данокот од притисокот пристигна во 36 минута кога нашата одбрана затаи за момент и турчинот Потук донесе водство за 0-1 за гостите.
Сепак Пелистер брзо се консолидираше и пред крајот на првото полувреме израмни на 1-1, со голот на Александар Ристевски.Второто полувреме се играше тешко и секој гледаше да остане непоразен, па натпреварот заврши со конечни 1-1.
Пелистер му се заблагодарува на сите љубители на фудбалот кои на вчерашниот натпревар го поддржаа нашиот тим.
Следен натпревар е дербито на Македонија, односно Пелистер му гостува на Вардар во Скопје!