Реми за крај на сезоната !

 

       

Екипата на Фк Пелистер денеска, на стадионот “Петар Милошевски” во Битола го одигра последниот годинашен натпревар во ВМФЛ против екипата на ФК Каменица САСА.

Момците на Бабунски на последниот натпревар во овогодинешната сезона од ВМФЛ, одиграа само нерешно со екипата од Македонска Каменица.Нашите фудбалери скоро цел натпревар го имаа поседот на топката, ги имаа шансите, но за жал головите изостанаа.

На овој натпревар во првиот состав шанса добија фудбалерите, кои што не добиваа доволно минути во предходните натпревари и сите одиграа на задоволително ниво.

 

Фудбалскиот клуб Пелистер АД Битола, им се заблагодарува на сите навивачи кои што оваа сезона константно не бодреа во добри и во лоши моменти.

ФК Пелистер оваа сезона ја заврши на 4-то место со освоени 58 бодови, со 17 победи , 7 нерешени резултати , и 6 порази .