Управата на клубот на денешниот состанок се одлучи да направи еден убав гест поради настанатата ситуација, односно трагедијата во Кочани.
Имено управата ќе ги донира сите пари од влезниците на натпреварот помеѓу екипата на Вардар, на семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани.Цената на секој билет ќе кошта симболични 200 денари, и ги повикуваме сите битолчани да дојдат на стадион и да бидат хумани!
ФК Пелистер ја известува јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција.
Цена на билетот: 200 денари
