Денес во прес салата на стадионот Петар Милошевски се одржа средба со новинарите, а повод беше утрешниот фудбалски пријателски натпревар на екипите на Пелистер и Димано Букурешт, кој се игра во рамките на одбележувањето на 80 годишнината од формирањето на фудбалскиот клуб Пелистер.На прес-конференцијата присуствуваа тренерите и капитените на двете екипи, односно Милан Стојановски и Мирко Ивановски од страната на Пелистер и Георги Милано и Жељко Копиќ од страната на Динамо Букурешт.
-Емоции секогаш постојат кога се во прашање клубови каде со љубов си настапувал и си го сакал дресот на клубот, па така ќе биде и утре кога ќе играм за мојот матичен клуб Пелистер, а од другата страна е клубот каде сум поминал извесно време и за кој клуб имам голем респект. Очекувам еден фер и коректен натпревар, да одиграме квалитетно, да има шанси за гол, и тоа да биде можност за нашиот тренер да види со каква екипа располага, да има увид за понатаму кога имаме важни натпревари во првенството. Најбитно е да помине натпреварот во најдобар ред, да нема повреди во двете екипи. Да одиграме квалитетен натпревар, да славиме еден голем јубилеј како што доликува на клубот – 80 години постоење и друг јубилеј – 40 години навивачка група “Чкембари“. рече Ивановски
-Секогаш кога имаш пријател, и кога ќе те повика редно е да одговориш на поканата. Мирко беше со мене во два фудбалски клубови во Хрватска и во Романија во Динамо, и на неговата покана не размислував, и штом го проверивме нашиот клубски календар и во разговор со управата на клубот се договоривме да дојдеме во Битола на ова гостување и ја да збогатиме прославата на фудбалскиот клуб Пелистер. И за нас ова е добра шанса да одиграме квалитетен фудбалски натпревар за кој направивме еден комбиниран состав на тимот, од стандардни фудбалери кои се дел од основата на тимот, а се приклучени и фудбалери од младинската екипа. Сите кои го следат Динамо знаат дека инсистираме да играме квалитетен фудбал, а сите кои ќе дојдат да го гледаат натпреварот уберен сум дека ќе уживаат во тоа што ќе го прикажат двете екипи. – рече Жељко Копиќ (тренер на Динамо).
